All for Joomla All for Webmasters

ЗА НАС

Во Мај 2011 година, официјално, ПРО – КОМЕРЦ АНФИ  започна со трговија на големо и мало и дистрибуција на готови производи на територијата на Македонија.

Фирмата располага со главен магацин од 1000 м2 на ул. „Воден“ бр. 9 (Краварски пат б.б.), продавница на мало на Селската автобуска станица, продавница на мало во Горно Оризари за трговија на големо и мало, како и возен парк од 7 помали товарни возила и 3 тешки товарни возила. Освен продажба во држвата, исто така вршиме редовен увоз од Србија и Бугарија и извоз во Албанија и Грција.

Во склоп на ПРО КОМЕРЦ АНФИ,  фирмата АНФИ ТРАНС врши превоз на стока на домашен и меѓународен пазар.  

Од вкупниот асортиман на готовои производи со кои вршиме трговија најзастапени се:

·  брашно,
·  житни растенија,
·  додатоци во исхрана за животни,
·  храна за животни,
·  пелети и брикети.
·  Откуп на пченица, пченка и јачмен.

Исто така располагаме со сопствени силоси кои се наоѓаат на самиот пат Битола - Прилеп и наскоро почнуваме со размена и откуп на житни култури.

Своите активности ПРО-КОМЕРЦ АНФИ ќе ги насочи кон обезбедување и проширување на постоечките капацитети со цел добивање на поквалитетна и поефикасна услуга, градење на долготрајни врски со постоечките клиенти преку зголемување на задоволствата и лојалноста на клиентите, испитување на бонитетот на идните нови купувачи, испитување на вкусовите на потрошувачите, проширување на територијалната дистрибуција и други принципи со примена на маркетинг стратегија.

Новости

Бидете во тек со сите промоции

© Copyright © 2017 Elkom Grup | web design | hosting solutions